Нашиот тим е составен од стручни и сертифицирани сервисери со долгогодишно искуство специјализирани за дијагностика, сервисирање и одржување на фотокопири, принтери и мултифункциски уреди од сите брендови.

Паушално одржување:

Покрај поединечни сервиси нудиме и паушално снабдување со тонер и одржување на принтери и фотокопири:

• Во рамки на паушалното одржување влегува комплетен сервис на вашите уреди со замена на делови како и на тонерот кој е на наш товар со што вие КОМПЛЕТНО сте ослободени од справување со непланирани дефекти, недостатокот на тонер и сервисирање. На ваш товар е само хартијата.

• Иако принтерите се лично ваши ние ќе ги преземеме и ќе ги одржуваме како да се наша сопственост.

• Нашиот тим реагира во рок од 2 часа од вашата дојава и го отстранува дефектот. Доколку проблемот е поголем и не може да се реши на лице место, уредот се зема во сервис, а на тоа место се инсталира друг, заменски уред.

• Во случај да набавувате нови принтери, ние ќе ги набавиме истите наместо вас, со што ќе добиете пониски цени од вообичаените.

• Сакаме да напомениме дека доколку користите наши тонери ви гарантираме повеќе изработени копии по тонер и поквалитетна копија.

• Сервисот на сите ваши уреди (принтери и копири) ќе биде бесплатен, т.е 1 денар, доколку нема потреба од замена на дел, во спротивно се наплатува само заменетиот дел.