ВАНГУАРД МЕДИА СОЛУТИОНС ДОО Скопје се занимава со продажба и сервисирање на фотокопири и принтери, како и увоз и производство на тонери и кертриџи за копири и принтери.

• Вршиме преземање и/или откуп на испразнетите тонер касети.

• Вршиме оптимизација на трошоците за печатење на Вашата компанија давајќи бесплатни совети за избор на потрошен материјал со цел да се обезбеди најниска цена на отпечаток, како и избор на најповолен печатач, мултифункциски уред согласно на Вашите потреби.

• Купените производи во најкраток рок Ви ги доставуваме на Вашата адреса.

• Наша грижа е вашите принтери и копири да работат беспрекорно и со чисти копии и за таа цел ќе бидат снабдени со квалитетни тонери, како и со редовно сервисирање од квалификувани сервисери.

• Времето на реагирање во случај на дефект е пократко од 2 до 3 часа во Скопје и 24 часа во останатиот дел од Македонија.

Освен понуда по артикл, нудиме и можност за паушално одржување и снабдување на вашите принтери и копири. За утврдување на цената за паушално одржување потребно е нашите експерти да извршат преглед на вашите веќе инсталирани уреди, а за констатираната состојба писмено ќе Ве известиме со понуда како и предлог мерки за евентуално утврдените недостоци.

Брендот Max Print

ВАНГУАРД МЕДИА СОЛУТИОНС е овластен застапник за Македонија на брендот MAX-PRINT на фирмата N-COPY DOO Novi Sad.

12141043_1063471513671482_6461465013067194824_o

Ние нудиме едноставно решение за оптимален однос на квалитетот, бројот на копии и исклучително поволна цена. Зависно од тонерот/кертриџот може да направите и до 60% повеќе копии, а цената и натаму да биде под онаа на конкуренцијата. При тоа добивате и продолжен век на работа на вашиот уред.

Leave a Reply

Your email address will not be published.